недела, 22 декември 2024

Таравари размислува каде да се искористи нераспакуваниот акцелератор

Министерот за здравство Арбен Таравари вели дека вчера дознал во штипската болница дека акцелераторот воопшто не е користен, ниту  пак бил пристигнат таму. Ќе се размисли тој да се стави во употреба таму каде што тоа ќе биде можно, рече министерот. Тој ќе размислува и што да се прави со модуларните болници од ковид-кризата.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера го прашав раководството на штипската Болница каде е апаратот. За жал, апаратот се уште не е во Штип, се чува некаде, најверојатно уште не е распакуван и воошто не е користен. Не  е лошо да се размислува за идејата дали може да се стави во употерба каде било, зашто воопшто не е користен. Таму бункерот не е среден за да се распакува апаратот кој не е ни отворен“, рече министерот, одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Договорот за набавка на мобилен рентген апарат.

На прашањето за модуларните болници, Таравари изјави дека не знае во каква состојба се сите модуларни болници и дека ќе треба да добие информација за да се види каде може да се распределат за да ги користат барем јавните здравствени институции или пак за некоја администрација.

„Значи, треба да знаеме во каква состојба се па да видиме да не се фрлаат, туку ако може неколку да се стават повторно во функција таму каде што треба, не само како амбуланти, туку и за други намени кои би биле од интерс за некои јавни институции. Во Идризово, конкретно, треба да се реновира болницата па размислуваме да донесеме одука на Влада, модулраната болница од Инфективна клиника да се стави комплетно таму, за да не трошиме пари за реновирање на амбулантата. Таму модуларната би служела како амбуланта, и општа и стоматолошка“, рече министерот. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ