сабота, 27 јули 2024

Таравари очекува денес – утре договор на Вреди со ВМРО-ДПМНЕ

Дефинитен договор меѓу Вреди и ВМРО-ДПМНЕ е можен денес-утре, пишувањето на медуиумите за распределба на министерските места е точен, изјави Арбен Таравари, еден од лидерите на коалицијата Вреди. Самиот тој вели дека уште не решил дали ќе остане градоналчалник на Гостивар или ќе преземе министерска функција.

Објавено на

часот

Сподели

„Немам информација од ВМРО-ДПМНЕ дали е постигнат договор со ЗНАМ, но сметам дека во следните 24 до 48 часа, сигурно ќе биде објавено“, рече Таравари.

Според него, она што вчера било најавено во повеќе медиуми е точно и како што рече, наскоро ќе има официјални резултати од преговорите.

„За директори уште немаме зборувано. За министри, од Алијанса, кажав дека ќе имаме заменик-премиер, односно министер за добро владеење и транспарентност и министер за здравство и двајца заменици министри за одбрана и за земјоделство и двајца државни секретари. За еден знам, за здравство, за другиот не сум сигурен“, рече Таравари.

На прашање на МИА дали ќе биде иден министер за здравство, тој рече дека нема решено и уште размислува дали ќе ја прифати оваа функција.

Инаку, во изјава за МКД.мк портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов изјави дека досега нема официјални преговори со ВМРО-ДПМНЕ и дека немаат добиено покана за преговори за учество во владата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ