Тој рече дека Вреди веќе го подготвува законот, за како што најави, веќе наредната недела ќе се одржи и јавна дебата.
„Вреди подготвува нов закон, којшто се надевам идната недела ќе биде во јавна дебата. Ќе бидеме во координација со партнерите од коалицијата. Од сите страни е констатирано дека ‘балансерот“ не функционираше како што треба“, изјави Таравари пред почетокот на настан во Филхармонија.
Тој подвлече дека е потребен закон за правична застапеност, не само за етничка категорија, туку за сите категории кои што се маргинализирани во општеството.
„Нам ни треба јавна дебата и синхронизација, бидејќи правичната застапеност е уставна категорија и секогаш кога нешто е уставна категорија, треба да постои и закон“, додаде Таравари.