„Нам можеби ни треба граѓански Устав и треба да размислиме за таа опција. Под граѓански устав подразбирам Македонија да биде дефинирана како држава на сите граѓани што живеат во неа“, рече Таравари.
Во поткастот на Плусинфо, Таравари зборува за понудите што ги добивал од ДУИ за да остане во владејачката коалиција, за неговиот „развод“ со Зијадин Села и за причините поради кои долго седеше на две столчиња пред да ѝ се придружи на здружената албанска опозиција.
Таравари најавува дека на 24 април ДУИ ќе го доживее првиот силен пораз, а на 8 мај ќе се случи историска промена и после 22 години на власт партијата на Али Ахмети ќе замине во опозиција.