„Првпат се случува за наше време, 10 дена да нема терапија. Меѓутоа, да не заборавиме, 95 проценти од пациентите се третираат и имаат терапија, недостасуваше за пет отсто. И да не заборавиме оваа набавка што ние сега ја користиме, не сме ја направиле ние, туку е направена пред нас, меѓутоа тоа е неважно за пациентите. Битно за пациентите е тие да имаат терапија. Се работи за околу 20, 30 пациенти, меѓутоа и еден пациент да е – многу е. И затоа даваме максимални напори од идната недела сите да бидат третирани“, одговори тој на новинарско прашање пред почетокот на првата национална консултација за реформа на болничкиот сектор.
Околу информации дека се трошат последни количини на имунолошка терапија на онкологија, министерот изрази надеж дека ќе нема криза.
„Јас се надевам дека и тоа ќе бидеме покриени набргу и нема да има криза. Така да, се обидуваме да згасиме пожари што се предизвикани однапред, значи овие тендери за оваа количина на лекови, јас не сакам сега да изнаоѓаме кој е крив, не е битно тоа за пациентите, тие си бараат лекови и третман. Меѓутоа со новото снабдување на лекови, јас се надевам дека нема да се случи идната година, повторно јануари, февраури, да недостасуваат одредени лекови“, одговори Таравари на новинарско прашање.
Во однос на тоа со кои веледрогерии е склучен договор за лекови за Онкологија министерот рече дека знае за Алкалоид, Пановски, плус уште две или три, вкупно четири или пет компании.
„Меѓутоа, тоа не е ни битно ни релевантно, важно е дека отворена е конкуренцијата за сите. Значи немаме предрасуди за некого“, истакна Таравари во изјава за медиумите.
Стручна комисија, како што соопшти, имало формирано и за случајот со починатото деветгодишно дете од светиниколско и за починатите близначиња во прилепската болница. Повеќе информации најави штом ги добие извештаите од комисиите.