Директивата на врховниот лидер на Талибанците, мула Хаибатула Ахунџада, беше објавена вчера за време на состанокот на Министерството за јавно здравје и екстремистичката група во Кабул.
Според изворите, раководителите на приватни медицински установи засегнати со оваа наредба се повикани во министерството за да бидат официјално информирани за одлуката.
Како резултат на наредбата, на сите институции кои нудат обука за акушерство, стоматолошка протетика, медицински сестри и лабораториски науки им е забрането да запишуваат и да учат студентки, велат изворите.
Според Радио Слободна Европа, портпаролите на талибанците не биле веднаш достапни за коментар.