„Украина нема да може да ја добие војната против Русија. Украинската војска, дури и со поддршката од Западот од стотина милијарди долари, нема да може да ја потисне руската војска од регионите на источна Украина“, укажа Карлсон.
Тој истакна дека продолжувањето на поддршката на Киев на западните земји ќе им донесе „повеќе мртви Украинци“ и „понатамошна деградација на западната економија“.
Карлсон додаде дека ни Украина, ни НАТО ни САД го немаат индустрискиот потенцијал.
Американскиот новинар претходно на Самитот на претседатели на влади во Обединетите Американски Емирати укажа дека претседателот на Русија Владимир Путин е спремен на компромис кога станува збор за Украина и додаде дека работата на лидерите на државите е да наоѓаат компромис.
„Тоа се нарекува дипломатија. Путин сака да излезе од оваа војна. Доколку мислите дека Украина може да го добие Крим, како што тврдат американските власти, тогаш сте дете и немате поим што се случува и што е реално“, порача Карлсон.