„Ако мислат дека постои шанса Трамп во ноември да победи доволно убедливо да не можат да ја украдат (победата), тогаш мислам дека нивната единствена опција е на некој начин да го фрлат општеството во хаос како што направија за време на ковидот што беше изговор за промена на начинот на кој гласаме и дозволување луѓе да гласаат анонимно без лични документи и кутии и тоа еден месец пред изборите“, кажа Карлсон.
Тој истакна дека вонредната состојба овозможила „целосно да се измени сè, па и дозволите на (сопственикот на Мета) Марк Закерберг да потроши 400 милиони долари за контрола на механиката на изборите“.
„Тоа е прилично едноставно. Ако насетат дека ќе изгубат, ќе имаме некаков вид криза. Мислам дека тоа најверојатно ќе биде војна со Иран која и онака ја сакаат, но кој би знаел“, заклучи Такер.