Шест балони биле забележани во текот на 24 часа, до утринава во 06:00 часот по локално време, според Министерството за одбрана на Тајван.
Во истиот период, во близина на островот биле забележани и девет воени авиони, како и осум кинески бродови.
Тајванските власти известуваат за речиси секојдневни упади на авиони и бродови на кинеската војска.
Кина го смета Тајван за своја територија.