петок, 18 октомври 2024

Тајни преговори на Израел: Палестинците да се преселат во Конго

Израелските власти воделе тајни преговори со африканската држава Конго и со неколку други земји за потенцијално прифаќање бегалци од Појасот Газа, објавија денеска израелските медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Конго е спремно да прими бегалци, но ние сме во преговори и со други“, му потврдил на новинарот Шалом Јерушалми висок функционер на израелската служба за безбедност, пренесува Тајмс оф Израел.

Јерушалми го цитира министерот за разузнавање Гил Гамлиел, кој вчера во Кнесетот рече дека на крајот на војната ќе се урне владата на Хамас, дека нема да има локални власти, а цивилното население ќе биде целосно зависно од хуманитарната помош.

„Нема да има работа, а 60 отсто од земјоделското земјиште во Газа ќе стане безбедносна тампон-зона“, рече министерот Гамлиел.

Велејќи дека омразата (кон Израел) ќе продолжи во Газа и дека новите напади врз Израел се само прашање на време, тој додаде дека проблемот со Газа не е само израелски проблем.

„Светот треба да ја поддржи хуманитарната емиграција, бидејќи тоа е единственото решение што го гледам“, рече министерот Гамлиел.

Официјален Вашингтон во вторникот ги осуди екстремно десничарските израелски министри Безалел Смотрич и Итамар Бен Гвир за залагањето да се иселат Палестинците од Газа.

Соединетите Држави соопштија дека ги „отфрлаат“ коментарите на израелските министри што се залагаат за враќање на еврејските доселеници во Газа, по актуелната војна, како и за „охрабрување“ на палестинското население да емигрира.

„САД ги отфрлаат неодамнешните изјави на израелските министри Безалел Смотрич и Итамар Бен Гвир, кои се залагаат за преселување на Палестинците надвор од Газа“, рече портпаролот на Стејт департментот Метју Милер во изјавата, нарекувајќи ги изјавите „неодговорни“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ