Планот на Суела Брејверман за Руанда ќе остави 35.000 мигранти со мали чамци „заглавени во неизвесност“ секоја година доколку не биде донесен, сугерира студијата.
Според „Тајмс“, дури и Британија да даде „зелено светло“ да започне со депортирање мигранти во африканската земја, најмалку 25.000 луѓе ќе останат „заглавени“ во Британија, а проценката се заснова на одредбите додадени во Законот за илегална миграција и податоците на Министерството за мигрантите кои го преминуваат Ламанш во мали чамци.
Се предвидува дека владата ќе може да депортира само 3,5 отсто од повеќе од 100.000 илегални мигранти кои пристигнуваат секоја година од 2018 година поради отсуство на договори за враќање.
Извештајот предупредува дека мерката на Законот за илегална миграција со која им се забранува на мигрантите да бараат азил може да има негативен ефект.
Сегашните правила на владата значат дека луѓето не можат да бидат депортитани доколку барањата на барателите на азил претходно не се разгледани.
Велика Британија има договори за враќање со четири земји од кои доаѓа „голем обем“ на баратели на азил, меѓу кои се Ирак, Албанија, Виетнам и Пакистан, држави со највисока стапка на барања за азил.
Но, голем број баратели на азил пристигнуваат и од неколку други земји со кои ОК нема договори за враќање, вклучувајќи ги Иран, Авганистан и Сирија, од кои во 2021 година пристигнале 9.652, 6.644 односно 4.143 бегалци.
ОК, исто така, забележа скок на бројот на пристигнувања од други нации, вклучувајќи ги Турција, Индија и Еритреја.
Неодлучноста во врска со договорот за Руанда и отсуството на договори за враќање значат дека сите пристигнувања од овие нации ќе завршат „заглавени во неизвесност“.
За среќа, за многу од нив, сепак, голем дел ќе имаат правото да бараат азил откако ќе пристигнат.
Истиот извештај прогнозира дека три од секои четворица мигранти кои пристигнуваат во ОК со мали чамци ќе добијат азил, при што Советот за бегалци дојде до пресметката споредувајќи ги националностите што пристигнале во 2023 година со сегашната стапка на одобрение за азил.
Советот предвидува дека од 19.441 мигранти кои го поминале Ламанш до август оваа година, 14.648 (74 отсто) ќе добијат азил.
Во Обединетото Кралство досега во 2023 година има 24.830 пристигнувања со мали чамци, што е намалување на бројките од 2022 година, кога приближно 33.001 пристигнале до октомври.