сабота, 21 декември 2024

Тајмс го препорачува Скопје како место за евтино тродневно пролетно бегство

Евтиниот балкански град совршен за пролет е оддалечен само три часа. Директни летови, хотел на брод и богата гастрономска култура. Скопје е градот за викенд бегство за кое не знаевте дека ви треба. Вака британскиот весник Тајмс во својата рубрика за туризам го препорачува главниот град на Македонија за „пролетно бегство“.

Објавено на

часот

Сподели

„Главниот град на Северна Македонија брзо станува место за фасцинантен, достапен и сосема поинаков вид на одмор. Просперитетна кафе-култура, растечкиот број на буџи барови (специјализирани за сè попопуларните македонски вина), блескавите нови трговски центри и безброј музеи… Денес, градот, родното место на Мајка Тереза, е калеидоскоп на етникуми, религии и традиции, со минариња кои се издигнуваат под погледот на градскиот планински крст“, пишува весникот.

Нивните препораки се рестораните Пелистер, Скопски мерак, Кањон Матка, кафулињата Ракија бар калдрма, Балканско катче… Од местата кои треба да се посетат се препорачува Градскиот музеј, тврдината Кале, кањонот Матка, Градскиот парк и прошетка по кејот на Вардар, жичарницата на Водно… Од местата за преноќување на прво место е хотелот Сенигалија, бродот на реката Вардар, со описи за љубезниот персонал, удобните соби во форма на бродска кабина, со смирувачкиот звук на водата која тече покрај вашиот прозорец и вкусната храна.

Со Визер од лондонскиот аеродром Лутон три пати неделно се лета до Скопје. Билетот чини само 22 фунти, истакнува новинарот Кирстен Хентон за Тајмс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ