недела, 20 октомври 2024
Италијанскиот вицепремиер и шеф на дипломатијата утре во Скопје

Тајани: Работиме на отстранување на пречките за пристапување на Северна Македонија кон ЕУ

Вицепремиерот и министер за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија, Антонио Тајани, утре ќе оствари посета на Црна Гора и Северна Македонија, каде ќе се сретне со државниот врв на двете земји како потврда на континуираната посветеност на Италија за развој, стабилност и стремежот за европската интеграција на регионот на Западен Балкан, соопшти Амбасадата на Италија во Скопје. Работиме на отстранување на пречките за пристапување на Северна Македонија кон ЕУ, вели Тајани.

Објавено на

часот

Сподели

„Западен Балкан е приоритет на нашата надворешна политика на која посветуваме постојано внимание, исто така и на мултилатерално ниво, претседавајќи со групата ‘Пријатели на Западниот Балкан’, со која повторно ќе се сретнам во Њујорк за неколку дена“, изјавил Тајани пред посетата и додал дека со мисиите и бизнис форумите што се одржуваат со сите земји од регионот, Италија отвора нови патишта за зајакнување на извозот и инвестициите на италијанските компании.

Во Скопје министерот Тајани ќе се сретне со претседателката на Републиката, Гордана Сиљановска-Давкова, со претседателот на Собранието Африм Гаши, со премиерот Христијан Мицкоски и со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, најавуваат од Амбасадата на Италија.

„Северна Македонија е клучен партнер во обезбедувањето просперитетна иднина и стабилност за целиот регион на Западен Балкан. Работиме на надминување на секоја пречка на патот на Скопје за пристапување кон Европската Унија. Има многу голем потенцијал за дополнително зајакнување на нашите билатерални односи почнувајќи од соработката во стратешките и секторите со висока додадена вредност“, изјави Тајани.

Во најавата за утрешната средба од македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија се вели дека за време на разговорите на министрите Тимчо Муцунски и Антонио Тајани се очекува да бидат разменети мислења „за билатералните односи меѓу двете земји и продлабочување то на економската соработка, за регионалната и мултилатерална соработка, за заедничкиот придонес кон мирот, како и иднината на процесот на проширување на Европската Унија и поддршката од Италијанската Република за нашата земја“.

На средбите ќе бидат опфатени и можностите од дополнително зајакнување и интензивирање на секторската соработка во различни области, велат од македонското министерство и најавуваат и прес-конференција на Муцунски и Тајани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ