Тачи смета дека намерата на косовскиот премиер е да го сврти вниманието на својата домашна јкавност од, како што нагласи, капиталните неуспеси на неговата политика на Косово.
„Тензиите беа зголемени поради интервенцијата на Русија во Украина и обидот на Москва да ја покаже својата сила на Балканот. Но дополнително се затегнаа односите внатре во Македонија со вмешувањето на Аљбин Курти во нашата домашна политика. Тој и директно се меша. Од тензична состојба меѓу Македонците, сега имаме тензична состојба и меѓу Албанците. Освен лични причини, кај Курти не гледам други причини за оваа негова авантура“, изјави Тачи.
Според Тачи, опозицијата која Курти ја поддржува, сепак е со има минимален капацитет да се натпреварува со Европскиот фронт предводен од ДУИ, во кој фронт е и ДПА.
„Нивната надеж е дека македонската опозиција ќе ги прифати како партал, иако има националистичка програма која не предвидува уставни измени, па е дури и за блокирање на интегративните процеси“, рече Тачи.
Лидерот на ДПА резонира дека Вреди има недостоинствена понуда, а дека интервенцијата на Курти е обична измама заради сопствената суета по бројните неуспеси во Косово.