„Секторот за внатрешни работи Тетово, веднаш по пријавувањето, ги презеде сите потребни мерки за расчистување на случајот со паднато куче скитник од шестиот кат на станбена зграда во изградба на улица Благоја Тоска во Тетово. Извршени се службени разговори со двајцата пожарникари кои биле повикани да го заловат и отстранат кучето од објектот во кој работници изведувале градежни работи, како и со лицето пријавител и очевидец на паѓањето на кучето. Притоа, утврдено е дека не се точни шпекулациите дека наводно некој го турнал кучето. Местото на паѓањето е фотодокументирано и по целосно комплетирање на сите службени материјали ќе биде изготвено писмено известување кое ќе се достави до јавен обвинител“, се вели во соопштението на СВР Тетово.
За овој немил настан имаше тврдења дека кучето е тепано и фрлено од тераса, а реагираа и здруженијата за заштита на животните. Видеото снимено од граѓанин е многу споделувано по социјалните мрежи и медиумите и е со вознемирувачка содржина.