петок, 25 октомври 2024

Свиркачот на американски Боинг најден мртов по сведочење

Поранешниот менаџер на квалитет во Боинг Џин Барнет, кој ја почна аферата во врска со стандардите на производството во таа американска компанија кога прозборе за тоа како работниците, под притисок, намерно вградувале делови под одредено ниво на квалитет, е најден мртов.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Форензичарите на округот Чарлстон во Јужна Каролина соопштија дека 62-годишниот експерт починал од повреди кои си ги нанел самиот на себе на 9 март и дека полицијата го истражува случајот, пренесуваат агенциите.

Компанијата Боинг, во која Барнет работел 32 години, до пензионирањето во 2017 година, соопшти дека веста за неговата смрт ги растажила.

Во деновите пред смертта тој сведочел во судскиот процес против американската компанијата за случувањата во фабриката во Северен Чарлстон од 2019 година.

Тврдел дека открил сериозни проблеми со системите за кислород, што подразбира дека една од четири маски за дишење не би работела во итни случаи.

Барнет подоцна навел дека работниците не ги почитувале пропишаните процедури и истакна дека во некои случаи деловите не ги задоволувале стандардите на квалитетот, дека во авиони, за да се избегнат доцнења во производството, дури биле ставани претходно отфрлени делови.

Барнет тврдел дека ги предупредил надредените на тие проблеми, но дека тие ништо не преземале во врска со тоа.

Иако Боинг ги демантираше неговите тврдења, инспекција на американскиот авио-регулатор, Федералната управа за авијација (ФАА), потврди некои од тврдењата на поранешниот менаџер.

Утврдено е дека во најмалку 53 случаи деловите на авионите биле под стандардите на квалитет, а на Боинг тогаш му беше наредено да преземе корективни мерки.

Барнет го обвини Боинг дека го понижувале и ја сопреле неговата кариера поради укажувањето на проблемите, што американската компанија исто така го негираше.

Во времето на својата смрт, Барнет бил во Чарлстон за да даде изјави во врска со случајот.

Минатата недела тој дал официјален исказ во кој го испрашувале адвокатите на Боинг, пред вкрстено да го испрашува неговиот бранител.

Испрашувањето требало да продолжи во сабота, но тој бил најден мртов во своето возило на паркингот на хотелот во кој престојувал. Неговиот адвокат смртта на својот клиент ја нарече „трагична“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ