„Старата дама“ е во резултатска криза па откако вечерва резултатот на полувремето против Лацио во Купот на Италија беше 0-0, навивачите со свирежи ги испратија фудбалерите и Макс Алегри во соблекувалната.
Ова како да ги разбуди играчите во продолжението од мечот, па Киеза во 50. минута погоди за 1-0, а Влаховиќ во 64. минута зголеми на 2-0.
Јувентус до крајот имаше шанси и за поубедлива победа, но и вака си обезбеди солидна предност пред реваншот во Рим.