Свирепо убиство попладнево ги потресе жителите на српска Јагодина, јавува дописникот на Блиц. Полицијата во домот на една 60-годишна жена го пронашла нејзиното обезглавено тело, а до неа лежел тешко повреден нејзиниот 31-годишен син. Како што информира српската полиција, синот имал неколку убоди во градниот кош, но сепак успеал да побара помош.
Кога пристигнале полицајците, го затекнале помладиот син како спие на горниот кат од куќата. Како што пренесува дописникот на Блиц од Јагодина, засега полицијата не пронашла никакви траги и не дава никакви детали.
Повредениот син, кој ги повикал, според информациите се бори за живот во локалната болница.