При додавањето на медалите, Рубиалес ја бакна во уста фудбалерката Хеми Хермосо. Потег што ја згрози јавноста и поради кој си навлече огромен притисок за негова оставка.
Тој даде изјава дека нема намера да се повлече од функцијата и дека неговиот бакнеж бил исто како да ги бакнува своите ќерки.
Но неговото правдање не помина во јавноста. Фудбалерките на Шпанија излегоа со заеднички став дека нема да играат додека Рубиалес не поднесе оставка.
Не само 23-те фудбалерки што настапија за Шпанија, на писмото се потпишани дури 56 шпански девојки што и играат фудбал и се потенцијални репрезентативки.
Во меѓувреме, и шпанските власти најавија дека ќе го истражат случајот, а Рубиалес најверојатно ќе заврши и на суд.
Притисокот врз претседателот на Шпанската фудбалска федерација доаѓа од сите страни и веројатно нема да стивне додека тој не биде сменет од функцијата.