петок, 7 февруари 2025

Светска банка ќе помогне во создавањето на фонд за енергетска ефикасност во Македонија

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, предводено од министерката Сања Божиновска, одржа работна средба со претставници на Светската банка, со цел разгледување на можностите за финансирање и соработка во областа на енергетската ефикасност.

Објавено на

часот

Сподели

На состанокот се дискутираше за потенцијалните фондови од Светската банка, кои би биле наменети за поддршка на енергетските реформи, транзицијата кон обновливи извори на енергија и подобрување на енергетската ефикасност во земјата.

Се разговараше и за можностите за унапредување на процесот за создавање на Фондот за енергетска ефикасност како и негова операционализација во најкус можен рок.

Од страна на СБ беа презентирани искуства од земјите во регионот. Фондот ќе има клучна улога во финансирањето и спроведувањето на проекти за енергетска ефикасност, придонесувајќи кон намалување на потрошувачката на енергија и заштита на животната средина.

Тема на разговорите беше и проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор-Public Sector Energy Efficiency Project (PSEEP) во компонента 3 кој е наменет за поддршка на оваа активност во Македонија.

На состанокот беа и дискутирани можности за соработка во полето на енергетиката каде што Светска Банка може значително да придонесе за подобрување на целиот процес, соопшти Министерството за енергетика.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ