вторник, 9 декември 2025

Зеленски: Се чини дека Русија сега е повеќе наклонета кон прекин на огнот

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека се чини дека Русија сега е повеќе наклонета кон прекин на огнот, по денешната посета на американскиот специјален пратеник Стив Виткоф на Москва.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Русија сега се чини дека е посклона кон прекин на огнот. Притисокот врз нив дава резултати. Но, најважно е да не нè измамат во деталите – ниту нас, ниту САД“, изјави тој во вечерното обраќање, како што објави Ројтерс.

Зеленски рече дека денеска разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за посетата на Виткоф на Москва и дека ја повторил поддршката на Украина за праведен мир и непоколебливата решеност на земјата да се брани.

„Украина сигурно ќе ја брани својата независност. На сите ни е потребен траен и сигурен мир. Русија мора да ја заврши војната што ја започна“, напиша Зеленски на Икс, додавајќи дека и европските лидери му се придружиле на Трамп во повикот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ