Зборувајќи за одбранбените планови на НАТО, Зеленски рече дека темпото на зголемување на средствата за одбрана е премногу бавно. „Веруваме дека до 2030 година, Путин би можел да има значително поголеми воени капацитети. Денес, Украина го задржува, па затоа нема време за сериозна воена обука“, рече тој.
„На Путин му е потребна пауза. Му треба укинување на санкциите. Потребна му е обучена војска. Десет години е долго време. Дотогаш ќе имаат нова армија“.
Во интервјуто, Зеленски упати низа пораки:
- Поради ескалацијата на Блискиот Исток, Украина би можела да добие помала помош, особено од САД, што би ѝ дало предност на Русија на бојното поле.
- Британски ракетни компоненти завршуваат во Русија.
- Тој можеби не е идеалниот човек да ја предводи Украина до крајот на војната, но е „најискусниот“.
- САД и Русија можеби се привремени партнери, но „никогаш нема да бидат пријатели“ додека Трамп е на власт.
Зеленски одби да одговори на прашањето дали се чувствувал „изнуден“ за време на катастрофалната средба во Овалната соба, но нагласи дека „постапил чесно“. На прашањето како ги гледа последиците од израелско-иранскиот конфликт и евентуалното ширење на војната на Блискиот Исток, Зеленски рече дека разбира оти помошта за Украина, особено од Соединетите Држави, може да се намали. Ќе ни биде тешко“, изјави тој.
Кога станува збор за неговиот однос со Доналд Трамп, Зеленски ги избегна критиките и се фокусираше на односот на Трамп со Путин, опишувајќи ги како „краткорочни партнери“, но не и пријатели.
Зборувајќи за евентуален прекин на огнот и мировни преговори, тој јасно стави до знаење дека ги поддржува и ќе биде подготвен да седне на маса за да утврди „дали има вистински компромиси и дали постои вистински начин да се стави крај на војната“. Кога беше прашан дали би бил спремен да се откаже од некоја територија како дел од мировниот договор, тој не одговори директно, но рече дека воениот притисок и санкциите би можеле да го принудат Путин да преговара.
Тој се осврна и на неефикасноста на санкциите, наведувајќи дека Русија продолжува да купува компоненти за ракети и беспилотни летала од други земји, вклучително и Велика Британија.
Планот за зголемување на трошоците за одбрана треба официјално да биде усвоен на состанокот на лидерите на НАТО во Хаг денеска и утре. Според предлогот, 3,5 проценти од БДП би се трошеле за директни воени потреби, со дополнителни 1,5 проценти за поврзани сектори како што се инфраструктурата и сајбер безбедноста.
Издвојувањето на 5 проценти од БДП за одбрана е ниво што постоеше меѓу сојузниците на НАТО за време на Студената војна.