понеделник, 14 јули 2025

Зеленски: Најтежок напад врз Киев од почетокот на војната, Русија употреби повеќе од 440 дронови (ВИДЕО)

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека Киев во текот на ноќта бил погоден од еден од најтешките напади од почетокот на војната, додека Русија употребила повеќе од 440 дронови и 32 ракети во масовната офанзива.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Зеленски на Икс изјави дека биле нападнати и регионите Одеса, Запорожје, Чернигов, Житомир, Кировоград, Николаев и Киев.

Во Киев, згради во осум населби се оштетени, а спасувачките екипи бараат преживеани под урнатините на станбена зграда.

„Сè уште не е јасно колку луѓе се заробени. Русите уништија цел дел од зграда“, рече Зеленски.

Според моменталните податоци, најмалку 15 лица се убиени, а 75 се повредени.

„Сите повредени ја добиваат потребната помош“, додаде украинскиот претседател.

Зеленски ги нарече нападите „чист тероризам“ и ги повика меѓународните партнери, вклучувајќи ги САД и Европската Унија, да реагираат порешително.

„Путин ја продолжува војната затоа што верува дека може да си ја дозволи. Светот не смее да ги затвора очите. Терористите мора да ги почувствуваат последиците, а не невините цивили“, рече Зеленски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ