„Беше многу добар разговор. Му се заблагодарив на Трамп за неговата подготвеност да ја поддржи Украина и за понатамошната соработка за да се запре убивањето и да се воспостави траен и праведен мир“, напиша Зеленски на Телеграм.
Зеленски рече дека тој и Трамп се согласиле да разговараат почесто за да ги координираат своите чекори во иднина.
Трамп вчера им рече на новинарите дека е разочаран од рускиот претседател Владимир Путин и „многу незадоволен“ од Русија, додавајќи дека сака војната во Украина да заврши.
„Ќе направиме врвно оружје и тоа ќе биде испратено во НАТО“, рече Трамп, додавајќи дека сојузниците на Вашингтон во НАТО ќе платат за оружјето. Генералниот секретар на НАТО Марк Руте ја потврди изјавата на Трамп и ја опиша како „сосема логична“.
Вредноста на оружјето се мери во милијарди евра и би ги вклучувало противвоздушните ракети патриот што на Украина итно ѝ се потребни за да ги брани своите градови од руските воздушни напади.