недела, 13 јули 2025

Завршена четвртата размена на затвореници со Руската Федерација

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес потврди на својот канал на Телеграм дека е завршена четвртата размена на затвореници со Руската Федерација.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Продолжуваме да ги вадиме нашите луѓе од руско заробеништво. Ова е четврта размена во изминатата недела“, објави Зеленски, според новинската агенција Укринформ.

Според него, меѓу оние што се вратиле во Украина има многу луѓе кои се во заробеништво од 2022 година, заробени како членови на украинските вооружени сили, Националната гарда, Државната гранична служба и Специјалната транспортна служба.

Зеленски рече дека сите што се во руско заробеништво мора да бидат ослободени, велејќи дека украинските власти работат на „обезбедување никој да не биде оставен на непријателот“.

Комесарот на Врховната Рада за човекови права Дмитро Лубинец објави дека најстарото лице од групата што се вратило во Украина има 63 години, а најмладото 21 година, и дека некои од ослободените воени заробеници биле регистрирани како исчезнати.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ