Како што се наведува, Вучиќ денес ќе ги повика премиерот Ѓуро Мацута и министрите и ќе им даде рок најдоцна до 21 февруари, кога ќе се врати од патувањето во Индија, да добие нов предлог за програма.
„Доколку тоа не се оствари, претседателот Вучиќ самиот ќе ја предложи таа стратегија и програмата. Сведоците кои биле присутни кога претседателот Вучиќ го добил планот создаден со помош на вештачка интелигенција велат дека долго време не го виделе толку лут“, објавува белградскиот весник.
Иако веста беше објавена синоќа од провладините таблоиди, ниту Вучиќ ниту некој од Владата на Србија сè уште официјално не се огласил за овој случај. Вучиќ претходно најави дека плановите за развој на Србија до 2030 и 2035 година ќе бидат објавени до 1 март, а дека прашањето за водоводната мрежа ќе биде една од главните точки на тие планови.
Тој исто така кажа дека „експерти работат на плановите и програмите и ништо не може да се направи без соодветни планови“. „И затоа мораме што е можно поскоро да излеземе со план до 2030 година и долгорочен план до 2035 година, за да можат луѓето да видат што ќе правиме“, кажа Вучиќ тогаш.






