понеделник, 5 мај 2025

Врховниот суд на САД ја суспендираше депортацијата на мигранти од Венецуела

Врховниот суд на Соединетите Американски Држави денеска ја суспендираше депортацијата на мигрантите од Венецуела, осомничени дека припаѓаат на криминална организација.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„На владата ѝ е наредено да не депортира ниту еден член од оваа категорија на притвореници во Соединетите Држави до понатамошна судска одлука“, се наведува во судската наредба.

Во март, администрацијата на Трамп побара од Врховниот суд дозвола да ги депортира венецуелските мигранти во Ел Салвадор обвинети дека припаѓаат на криминална банда, врз основа на закон од 18 век.

Жалбата до највисокиот суд во земјата уследи по отфрлањето на истата петиција од страна на федералниот апелационен суд во Вашингтон.

Со таа одлука е оставена на сила наредбата за привремена забрана за депортација на мигранти според ретко користениот Закон за странски непријатели од 1798 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ