вторник, 15 јули 2025

Владата на Косово изразила спремност да прифати мигранти кои САД ги депортираат

Привремената влада на Косово потврди за Радио Слободна Европа (RSE) дека изразила подготвеност да соработува со Соединетите Американски Држави (САД) во врска со прифаќањето и привременото сместување на граѓани на трети земји во Косово, „во согласност со утврдените услови“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Во текот на еден период од една година, до 50 лица можат привремено да бидат преместени, со цел да се олесни нивното безбедно враќање во нивната земја на потекло. Владата изрази подготвеност да се ангажира, со можност за избор на лица од предложениот список, под услов да ги исполнуваат одредени критериуми поврзани со владеењето на правото и јавниот ред“, изјави за RSE портпаролот на привремената влада на Косово, Перпарим Круезиу.

Тој додаде дека дополнителни информации ќе бидат објавени подоцна.

Американскиот Стејт департмент потврдил за Радио слободна Европа на 6 јуни дека балканските земји се вклучени во контакти во рамки на пошироката стратегија на Соединетите Американски Држави за депортирање на странски државјани без регулиран статус.

„Американските партнери и регионалните лидери тесно соработуваат со нас за да се стави крај на кризата со нелегалната и масовна миграција“, истакна Стејт департментот, додавајќи дека спроведувањето на имиграциската политика на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп е еден од нејзините главни приоритети.

„Депортирањето на странците од САД, за кои постојат конечни одлуки за депортација, како и протерувањето на нелегалните мигранти, ги штитат САД од странски терористи и други закани за националната безбедност и јавниот ред“, се вели во одговорот.

Стејт департментот, исто така, нагласува дека континуираната соработка со странските влади е клучна за спречување на нелегалната и масовна миграција, како и за безбедноста на границите.

Привремената влада на Косово соопшти дека САД остануваат цврст сојузник на Република Косово.

„Нашето меѓусебно партнерство, градено со децении, се базира на заедничките вредности и соработката. Ние високо ја цениме нивната поддршка, особено на нашиот пат кон интеграција во евроатлантските институции“, изјави владата на Косово.

Агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на Блумберг њуз, на 5 јуни објави дека администрацијата на претседателот Трамп врши притисок врз Србија и другите балкански земји да прифатат мигранти кои САД ќе ги депортираат.

Минатиот месец, Врховниот суд на САД ѝ дозволи на администрацијата на Трамп да го поништи привремениот правен статус за стотици илјади мигранти од Венецуела, Куба, Хаити и Никарагва кои живеат во САД, зајакнувајќи ги напорите на републиканскиот претседател за зголемување на депортациите.

Според Блумберг, администрацијата на Трамп разгледува потенцијални дестинации за мигрантите кои би можеле да бидат депортирани како резултат на одлуката.

На 26 мај, привремената влада на Косово изрази подготвеност да разговара со Велика Британија за предлогот за основање „центар за враќање“ во Косово за баратели на азил кои биле одбиени на од Британците.

Предлогот за омирање центри за враќање е дел од пошироката стратегија на Британија за справување со растечкиот број мигранти кои нелегално пристигнуваат во земјата.

Сепак, меѓународната организација Хјуман рајтс воч изрази загриженост дека користењето на балканските земји како дестинации за прием на мигранти може да ги наруши нивните права и да создаде нови предизвици за земјите домаќини.

Во сличен договор кој исто така предизвика критики, Косово и Данска се согласија во 2022 година да изнајмат 300 затворски ќелии во Казнено-поправниот дом Гњилане за сместување странски затвореници за кои се очекува да бидат депортирани од Данска по отслужувањето на нивните казни.

За возврат, Косово треба да добие повеќе од 200 милиони евра, кои ќе бидат инвестирани во Корективната служба и проекти за обновлива енергија.

Овој договор предизвика реакции од меѓународните организации и граѓанското општество, кои изразија загриженост за можните кршења на човековите права и предизвиците што управувањето со странските затвореници може да ги донесе во Косово.

Косово претходно прими околу 1.900 авганистански државјани, кои беа евакуирани од Авганистан по враќањето на Талибанците на власт во 2021 година.

По две години работење, кампот Лија во американската воена база Бондстил во Урошевац беше затворен.

Според податоците на министерството за внатрешни работи на Косово, поголемиот дел од Авганистанците веќе се преместени во земји домаќини, додека мал број од нив сè уште остануваат во Косово.

Според договорот меѓу Косово и САД, Авганистанците требало да останат во Косово додека не го поминат процесот на безбедносна проверка, за потоа да можат да се преселат во САД или во некоја друга западна земја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ