недела, 28 декември 2025

Зеленски се надева дека мировните преговори ќе доведат до некои одлуки пред Нова година

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој денес треба да се сретне со својот американски колега Доналд Трамп во Палм Бич, изрази надеж дека „многу работи би можеле да се решат пред Нова година“, наведувајќи дека изминатите неколку дена биле „меѓу најактивните оваа година, дипломатски гледано“.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Дали ќе бидат донесени одлуки ќе зависи од нашите партнери“, додаде Зеленски во порака објавена на Телеграм, пренесоа француските медиуми.

Повикувајќи на континуиран притисок врз Русија, украинскиот претседател истакна дека Русија минатата недела извршила повеќе од 2.100 напади со беспилотни летала, со 800 наведувани бомби и 94 ракети испратени во Украина, насочени кон украинската енергетска инфраструктура.

Украинскиот потпретседател задолжен за реконструкција Олексиј Кулеба денес изјави дека „бројот на руски напади врз украинските пристаништа е значително зголемен“, со 90 напади во 2025 година, двојно повеќе од претходната година.

„Непријателот се обидува да врши притисок секој ден“, рече Кулеба.

И покрај бомбардирањата, логистиката на пристаништата се одржува за да се обезбеди континуитет на извозот, што бара присуство на стотици работници, додаде тој.

За таа цел, Украина го зголемува бројот на засолништа во пристанишните области. „Принципот е едноставен: секој работник мора да има функционално засолниште во близина, бидејќи ракетите пристигнуваат само за неколку минути“, додаде Кулеба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ