недела, 28 декември 2025

Велика Британија и Германија набавуваат напредно артилериско оружје за 70 милиони долари

Велика Британија и Германија потпишаа договор за заедничка набавка во вредност од 70 милиони долари за напредни артилериски системи, соопшти британското Министерство за одбрана.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Договорот ќе овозможи британската армија да добие демонстратор на системот РЦХ 155 и две единици за тестирање во Германија. Станува збор за модерни системи поставени на оклопни возила кои можат да работат во движење и да гаѓаат цели на оддалеченост поголема од 70 километри.

Системот, произведен од француско-германската одбранбена група КНДС и германскиот Рајнметал, може да испука осум ракети во минута дури и во движење.

Според официјалните податоци, за управување се потребни само два члена на екипажот, оклопното возило може да помине 700 километри без дополнување гориво.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ