четврток, 12 февруари 2026

Украинците „санкционираа“ руска рафинерија на 2.000 км од границата (ВИДЕО)

Украински беспилотни летала предизвикаа пожар на рафинерија за нафта во северозападна Русија, на околу 2.000 км од украинската граница.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Ројтерс објави дека утрово избувнал пожар во рафинерија за нафта во сопственост на руската компанија Лукоил во близина на градот Ухта во руската република Коми, изјави шефот на регионот, Ростислав Голдштејн. Никој не е повреден, а итните служби работат на местото на настанот, објави Голдштејн на апликацијата Телеграм.

Пожарот избувнал откако украинските беспилотни летала погодиле инфраструктура која се смета за стратешки важна за снабдувањето со гориво во Русија, во услови на засилени напади врз енергетската инфраструктура по краткото намалување на интензитетот за време на мировните преговори минатиот месец. Украинските власти, вклучувајќи го и претседателот Зеленски, постојано повторуваат дека нападите врз руските нафтени рафинерии се „најдобрите санкции“.

Снимки од густи облаци од црн чад што се извишуваат над областа на рафинеријата Ухта веднаш по нападот со беспилотно летало циркулираат на социјалните медиуми, илустрирајќи го обемот на инцидентот и влијанието на нападот далеку на руска територија.

Рафинеријата Ухта, позната како Лукоил-Ухтанефтепереработка, е еден од клучните објекти во руската нафтена индустрија. Работи од 1934 година и е специјализирана за преработка на тешка сурова нафта од сливот Тиман-Печор, произведувајќи разни нафтени деривати како бензин, дизел и други горива.

Суровините обично се доставуваат до фабриката преку нафтоводот Уса-Ухта, додека готовите производи се транспортираат со железница и камиони. Објектот е дел од поголема мрежа на рафинерии контролирана од руската мултинационална енергетска компанија Лукоил, една од најголемите рафинериски групации во земјата со капацитети што вклучуваат и други постројки во регионите Волгоград, Перм и Нижни Новгород.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ