среда, 17 декември 2025

Трамп: Венецуела е целосно опколена. Наредувам ТОТАЛНА И КОМПЛЕТНА БЛОКАДА НА ТАНКЕРИ

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека наредува „тотална и сеопфатна“ блокада на сите санкционирани нафтени танкери што пловат кон или од Венецуела. Тој ја донесе одлуката откако ја означи владата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро за странска терористичка организација, обвинувајќи ја за кражба на американски средства, тероризам, шверц со дрога и трговија со луѓе, објави Би-би-си.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во објава на социјалната мрежа Трут соушл, Трамп беше директен. „Затоа, денес наредувам ТОТАЛНА И КОМПЛЕТНА БЛОКАДА НА СИТЕ САНКЦИОНИРАНИ НАФТЕНИ ТАНКЕРИ што влегуваат и излегуваат од Венецуела“, напиша тој.

„Венецуела е целосно опкружена со најголемата армада некогаш собрана во историјата на Јужна Америка. Ќе станува само поголема, а шокот со кој се соочуваат е како нешто што досега не го доживеале – сè додека не ги вратат во Соединетите Држави сите нафтени богатства, земјиште и други средства што претходно ни ги украдоа“, се вели во објавата.

„Нелегитимниот режим на Мадуро ја користи нафтата од овие украдени нафтени полиња за да се финансира себеси, наркотероризам, трговија со луѓе, убиства и киднапирања. Поради кражба на нашите средства и од многу други причини, вклучувајќи тероризам, трговија со дрога и трговија со луѓе, венецуелскиот режим е означен како СТРАНСКА ТЕРОРИСТИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА“, напиша Трамп.

„Затоа денес наредувам ТОПАЛНА И КОМПЛЕТНА БЛОКАДА НА СИТЕ САНКЦИОНИРАНИ НАФТЕНИ ТАНКЕРИ што влегуваат и излегуваат од Венецуела. Нелегалните имигранти и криминалци испратени во Соединетите Држави од страна на режимот на Мадуро за време на слабата и некомпетентна администрација на Бајден забрзано се враќаат во Венецуела. Америка нема да дозволи криминалци, терористи или други земји да нè ограбуваат, да ни се закануваат или да нè повредуваат, исто како што нема да дозволиме непријателски режим да ни ја зема нафтата, земјата или кој било друг имот – сето тоа мора да се врати во Соединетите Американски Држави, СЕГА. Ви благодарам на вниманието!“, се вели во соопштението на Трамп.

Соопштението на Трамп дојде една недела откако Соединетите Држави запленија нафтен танкер покрај брегот на Венецуела. Владата во Каракас го нарече соопштението на Трамп „гротескна закана“. Еден ден пред да биде објавена блокадата, Белата куќа го потврди запленувањето на танкерот „Скипер“, велејќи дека бил вклучен во „нелегални испораки на нафта“ и дека ќе биде однесен во американско пристаниште.

Претседателот Мадуро остро го осуди чинот, велејќи дека САД го „киднапирале екипажот“ и го „украле“ бродот. Венецуела, земја со едни од најголемите докажани резерви на нафта во светот, долго време го обвинува Вашингтон дека се обидува да ги присвои нејзините ресурси.

Зборувајќи на настан синоќа пред соопштението на Трамп, Мадуро рече дека „империјализмот и фашистичката десница сакаат да ја колонизираат Венецуела за да го преземат нејзиното богатство од нафта, гас, злато и минерали“.

„Се заколнавме дека апсолутно ќе ја браниме нашата татковина, мирот ќе триумфира во Венецуела“, рече Мадуро во вторникот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ