недела, 14 декември 2025

Трамп вели дека го прашал Орбан дали Украина може да ја победи Русија (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп на вчерашната прес-конференција одржана во Вашингтон изјави дека разговарал со унгарскиот премиер Виктор Орбан, кого го опиша како „многу, многу паметен човек кој некои луѓе го сакаат, а некои не“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој рече дека го прашал Орбан, за кого вели е добро запознаен со ситуацијата во Украина и Русија, дали Украина може да ја победи Русија во војната.

„Ме погледна во стил: „колку глупаво прашање“, рече Трамп, додавајќи дека унгарскиот лидер му рекол: „Русија е огромна земја и тие ја освоија својата земја преку војни. Тие водат војни, тоа е она што го прават“.

„Тој вели: Кина те победува преку трговија, Русија те победува преку војна“, рече Трамп, додавајќи дека тоа е „многу интересна изјава“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ