„Русите ќе беа во Киев за 4 часа да одеа по автопатот. Но, руски генерал донесе „брилијантна“ одлука наместо тоа да оди преку полињата. Врнеше силен дожд и тенковите заглавија во калта. Не знам кој е тој генерал, но познавајќи го Владимир, веројатно веќе не е таму“, рече Трамп.
Trump: “They [Russians] would have been in Kyiv in 4 hours, going down the highway. But a Russian general made a brilliant decision to go through the farmland instead. And those tanks got stuck in the mud. I don’t know who that general is, but knowing Vladimir [Putin], he’s… pic.twitter.com/3LnMOBcpLO
— Visegrád 24 (@visegrad24) August 11, 2025
Тој даде слична изјава во интервју за Фокс њуз во мај. „Путин не изгледа добро, а сака да изгледа добро. Не заборавајте, требаше да биде готово за една недела. Да не заглавеа во калта со тие тенкови насекаде, ќе беа во Киев за околу пет часа“, рече тој во тоа време.
Колоната руски воени возила во регионот на Киев на почетокот на војната се протегаше околу 55 километри. Колоната првично беше перцепирана како сериозна закана за Киев, но запре. Воените аналитичари веруваат дека причината за запирањето била недостаток на гориво и храна, а проблем претставуваа и украинските напади врз колоната.
Украинските вооружени сили подоцна објавија дека колоната всушност се состоела од 10 одделни руски тактички борбени единици. Руската војска ја нападнала Украина и на исток и на југ, но мисијата на овие 10 единици наводно била специфична – да влезат во Украина од Белорусија, да го освојат главниот град на Украина и да ја отстранат владата.
Еден руски документ, во кој увид имаше Би-би-си, го покажува временскиот план за нападот. Откако Првиот баталјон влегол во Украина во 4:00 часот наутро на 24 февруари, наредбата била да напредува директно кон Киев и да стигне таму до 14:55 часот.
Неколку баталјони требало да напредуваат кон Хостомел, северно од Киев, за да ги поддржат падобранците кои требало да го освојат аеродромот таму. Другите баталјони требало да пристигнат директно во центарот на Киев. Рускиот план не успеа.






