понеделник, 16 февруари 2026

Трамп му честиташе на Косово за годишнината од независноста

Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп му честиташе на Косово за 18-годишнината од независноста, нагласувајќи дека „САД остануваат непоколебливи во поддршката на суверенитетот и територијалниот интегритет на Косово“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Како што нашите односи продолжуваат да се продлабочуваат, нè радува проширувањето на нашето партнерство, вклучително и зголемување на трговијата и инвестициите што го поттикнуваат заедничкиот просперитет“, се вели во писмото на Трамп до косовската претседателка Вјоса Османи.

Во писмото исто така се вели дека САД се подготвени да работат „рамо до рамо со Косово за унапредување на мирот и стабилноста, за заедничка корист“.

„Сакам да ви се заблагодарам вам и на сите граѓани на Косово за вашата континуирана поддршка на напорите на Соединетите Американски Држави за справување со глобалните предизвици во Украина, Газа и на други места. Исто така, го поздравувам Косово како еден од основачите Мировниот одбор, чија цел е да го направи светот побезбеден, посилен и попросперитетен“, се вели во писмото на Трамп.

Трамп исто така рече дека оваа годишнина е „можност да се размисли за напредокот на Косово“ и дека со нетрпение очекува „уште посилна соработка и партнерство“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ