недела, 15 февруари 2026

Тајван: Кина е вистинската закана

Кина е вистинска закана за безбедноста и лицемерно тврди дека ги почитува принципите на мирот на Обединетите нации, соопшти тајванскиот министер за надворешни работи Лин Чиа-лунг, отфрлајќи ги коментарите дадени од највисок кинески дипломат на Минхенската безбедносна конференција.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Кина го смета демократски управуваниот Тајван, за дел од својата територија, што властите во Тајпеј го одбиваат, истакнувајќи дека само народот на Тајван може да одлучува за својата иднина.

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, говорејќи на годишната конференција за безбедност во саботата, предупреди дека некои земји „се обидуваат да го одвојат Тајван од Кина“, ја обвини Јапонија за ескалација на тензиите околу островот и ја нагласи важноста од почитување на Повелбата на Обединетите нации, пренесува Ројтерс.

Лин во соопштението наведе дека, гледано низ историските факти, објективната реалност или меѓународното право, суверенитетот на Тајван никогаш не ѝ припаѓал на Народна Република Кина.

Тој рече дека Ванг „се фалел“ со застапување на целите на Повелбата на ОН, додека ги обвинувал другите земји за регионалните тензии.

„Всушност, Кина неодамна се вклучи во воени провокации во околните области и постојано, отворено, ги крши принципите на Повелбата на ОН за воздржување од употреба или закана со сила“, рече Лин. Ова, додаде тој, „уште еднаш разоткрива хегемонистички начин на размислување кој не ги следи сопствените зборови со дела“.

Кинеската војска, која секојдневно дејствува околу Тајван, ја спроведе својата последна рунда масовни воени вежби во близина на островот во декември.

Високи тајвански функционери, како што е Лин, не беа поканети да присуствуваат на конференцијата во Минхен.

Кина наведува дека Јапонија го „вратила“ Тајван под кинеска власт на крајот од Втората светска војна во 1945 година и дека оспорувањето на ова значи оспорување на повоениот меѓународен поредок и кинескиот суверенитет.

Владата во Тајпеј вели дека островот е предаден на Република Кина, а не на Народна Република Кина, која тогаш сè уште не постоела, и дека затоа Пекинг нема право да бара суверенитет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ