недела, 14 декември 2025

Тајланд: Поранешниот премиер Таксин Шинаватра мора да отслужи една година затвор

Врховниот суд на Тајланд денес соопшти дека поранешниот премиер Таксин Шинаватра мора да отслужи една година затворска казна за претходно донесени пресуди за корупција и злоупотреба на службена должност.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Судот пресуди дека пониските судови не постапиле неправилно дозволувајќи му да се врати во Тајланд во 2023 година и дека Шинаватра, кој сега е во притвор, мора да ја отслужи казната.

По враќањето во Тајланд по повеќе од една деценија во самонаметнат егзил, Таксин бил испратен во апартман во Општата болница во Бангкок, наводно од медицински причини, откако поминал помалку од еден ден во затвор. Неговата осумгодишна затворска казна потоа била заменета со една година од страна на кралот Маха Ваџиралонгкорн, а Шинаватра бил условно ослободен по шест месеци во болница.

Околностите покренале прашања за тоа дали тој добил посебен третман, а многумина биле скептични дали е навистина болен.

По повторното судење, Таксин е испратен во затвор во Бангкок, а во порака на неговата Фејсбук страница, споделена од неговиот тим по пресудата, се вели дека тој ја прифаќа одлуката на судот.

„Сакам да гледам кон иднината, сè да заклучам, без разлика дали судските постапки или конфликтите беа предизвикани или поврзани со мене“, се вели во објавата.

„Од денес, иако не сум слободен, сè уште имам слобода на размислување за доброто на земјата и нејзиниот народ“, се вели во објавата.

Пред пресудата, Таксин пристигна во судот со своето семејство, вклучувајќи ги и неговите две деца, Пинтонгта Шинаватра, и поранешната премиерка Пентонгтарун Шинаватра, која беше отстранета од функцијата минатиот месец откако судот ја прогласи за виновна за етички престап поради политички компромитирачки телефонски разговор со претседателот на камбоџанскиот Сенат, Хун Сен.

Поранешната премиерка, во изјава за новинарите по пресудата, му се заблагодари на кралот за измената на казната на Таксин. Таа рече дека Таксин ќе остане духовен водач на тајландската политика и дека секогаш размислува да работи за доброто на земјата и тајландскиот народ.

„Загрижена сум за мојот татко, но исто така сум горда што тој создаде толку многу историски моменти за земјата. Многу е тешко, но мојот татко и нашето семејство секако сме во добро расположение“, рече таа.

Таксин беше премиер од 2001 година, сè додека не беше соборен со воен удар во 2006 година додека беше во странство. Тој накратко се врати во Тајланд во 2008 година, но потоа повторно замина, прекршувајќи го условниот отпуст во пресуда за случај на корупција.

Соборувањето на Таксин предизвика речиси две децении длабока политичка поларизација меѓу неговите поддржувачи и противници, меѓу кои беа богати жители на урбаните средини, тврдокорни ројалисти и војската. Тој накратко се врати во 2008 година за да се соочи со обвиненијата, но повторно, додека беше на условна слобода, избега во странство и започна самонаметнат егзил што траеше повеќе од една деценија.

По напуштањето на функцијата, тој се соочи со низа судски постапки и кривични обвиненија за кои рече дека биле политички мотивирани.

Минатиот месец, кривичен суд го ослободи од обвиненијата за навреда на кралот, за кои доколку беше осуден, ќе добиеше затворска казна од 15 години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ