недела, 14 декември 2025

Сијарто: Брисел мора да прекине со двојните стандарди кон Унгарија

Унгарија е решена да се заштити себеси и Европа од нелегалната миграција и го повикува Брисел да стави крај на двојните стандарди по ова прашање, изјави синоќа унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

По состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од Централна Европа – Австрија, Чешка, Унгарија, Словачка и Словенија – Сијарто на прес-конференција изјави дека нелегалната миграција е „еден од најсериозните заеднички предизвици со кои се соочува регионот“, објави агенцијата МТИ.

„Унгарија потроши стотици милијарди форинти за заштита на границите од 2015 година, со што ја заштити не само Унгарија, туку и Централна и поширока Европа од потенцијален бран од милион нелегални мигранти“, рече тој.

Сијарто рече дека им кажал на своите колеги дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, ја пофалила Полска за изградбата на гранична ограда и ветила финансиска помош, додека Унгарија плаќа дневна казна од милион евра на Брисел заштитувајќи ја надворешната граница на ЕУ.

„Ова е сериозна неправда и груб двоен стандард“, рече Сијарто.

Тој ги замоли своите колеги министри, „во духот на солидарноста со Централна Европа“, да помогнат во решавањето на проблемот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ