„Оваа мисија значително ќе ги зголеми способностите“, рече Карл-Оскар Болин, министер за цивилна заштита на Шведска.
Владата го задолжи Министерството за цивилна заштита, заедно со Финска, да воспостави план за голема прекугранична евакуација во случај на војна или криза. Мисијата е дел од обврските на Шведска во рамки на членството во НАТО.
Како што пишува Афтонбладет, ќе се преиспита набавката на материјали во рамките на службите за итни случаи и цивилната заштита.
„Заштитата на цивилното население за време на состојба на зголемена готовност и во екстремни воени околности е важна задача на цивилната заштита. Доколку се случи најлошото, Шведска и Финска треба да ги имаат на располагање сите средства за одбрана на нашите земји и заштита на цивилното население. Оваа мисија значително ќе ги зголеми нашите способности во овој поглед“, рече Болин.