Контактите меѓу Русија и Ирак стануваат се поинтензивни, изјави Шојгу на почетокот од својата работна посета на Ирак, пренесува ТАСС.
„Контактите стануваат сè поинтензивни. Ова се однесува на бизнисот, економијата и транспортот, воената и воено-техничката соработка“, рече тој за време на разговорот со заменик-советникот на ирачкиот премиер за национална безбедност на аеродромот во Багдад.
„И покрај краткиот временски рок за подготовка на оваа посета, таа е многу збиена. Се надевам дека целата програма што ја планиравме ќе ја имплементираме. Имаме доста за дискусија. Се надевам дека денес ќе имаме добар конструктивен разговор“, рече рускиот функционер.






