петок, 13 февруари 2026

Руте: Русија претрпува огромни загуби (ФОТО+ВИДЕО)

На маргините на Минхенската безбедносна конференција, која официјално започна денес, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека Русија трпи огромни загуби.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Имено, на настан организиран од германската партија ЦДУ, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен, генералниот секретар на НАТО и германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул разговараа за иднината на Алијансата.

Во таа прилика, Руте истакна дека на вчерашниот министерски состанок одржан во Брисел, почувствувал јасна „промена во размислувањето“ кај европските претставници.

САД изразуваа незадоволство со децении за недоволно инвестирање во одбраната од страна на европските земји, сега тоа се замени со ново единство, Европа сега презема „водечка улога“ во рамките на сојузот, истакна Руте.

Зборувајќи за војната во Украина, генералниот секретар на НАТО повика на континуирана и зголемена воена помош за Украина.

Во исто време, тој нагласи дека Русија трпи огромни загуби, иронично коментирајќи ја руската пропаганда.

„Сакаат да ве убедат дека Русите се моќни мечки, но тие се движат низ Украина со брзина на градинарски полжав“, изјави Руте, додавајќи дека сојузниците не смеат да паднат во стапица на дезинформации за непобедливата руска армија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ