Иако Русија формално останува потписничка на конвенцијата, воените злосторства на Русија и тортурата врз украинските цивили и војници се документирани повеќе пати, додава Киев индепендент.
Резолуцијата го повикува рускиот претседател Владимир Путин да ја повлече Русија од повеќедеценискиот договор.
„До претседателот на Руската Федерација е поднесен предлог за откажување на Европската конвенција за спречување на тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување“, се вели во текстот на резолуцијата.
Дејствијата на Русија на окупираните украински територии дополнително го потврдуваат нејзиното непочитување на меѓународните механизми за заштита, јавуваат украинските медиуми.
Поранешниот градоначалник на Херсон, Володимир Миколенко, беше уапсен од руските сили на 18 април 2022 година. Русите не успеаја да го принудат Миколенко да соработува со окупаторските власти, а тој беше цел поради своите проукраински ставови, изјави неговата внука Хана Коршун-Самчук за Киев индепендент.
Руски војник изјави дека учествувал во убиството на пет заробени украински војници во мај 2024 година во регионот Донецк, објави полско-белорускиот медиум Вот Так.
Украинската новинарка Викторија Рошчина исчезна во август 2023 година, а почина есента во 2024 година откако беше мачена во руско заробеништво. Нејзиното тело беше вратено во Украина во февруари, без одредени органи.






