Според податоците на тимот на Алексеј Навални кој делува во егзил, планирани се комеморации во Русија и во повеќе од 20 земји низ целиот свет. Отворениот критичар на рускиот претседател Владимир Путин почина на 16 февруари 2024 година, во казнена колонија во арктичкиот регион.
Жителите на Москва му оддаваат почит со положување цвеќе на гробиштата Борисовскаја каде што е погребан Навални, додека какви било протестни собири во Русија остануваат строго забранети.
Two years after he was murdered by the regime people in Moscow 🇷🇺 are paying tribute at the grave of Alexey Navalny. pic.twitter.com/Cg5Lt9awo4
— Carl Bildt (@carlbildt) February 16, 2026
Вдовицата на убиениот политичар Јулија Навални директно го обвинува Путин за убиството на својот сопруг.
Германија, Шведска, Холандија, Франција и Обединетото Кралство објавија во саботата дека анализите на останките на Навални покажале траги од многу силниот токсин епибатидин.

„Русија тврди дека Навални починал од природна смрт. Сепак, со оглед на токсичноста на епибатидинот и пријавените симптоми, причината за смртта најверојатно е труење. Навални почина во затвор, што значи дека Русија имала средства, мотив и можност да му го даде отровот“, се вели во заедничката изјава објавена на маргините на Минхенската безбедносна конференција. Во извештаите не е наведено како примероци од ткивото на Навални стигнале до Западот.
Амнести интернешнл повторно повика на итна истрага за околностите на неговата смрт. Навални едвај го преживеа обидот за убиство со хемискиот агенс Новичок во 2020 година.

Руските власти продолжуваат да инсистираат дека Навални починал од природна смрт.
И покрај апелите на неговата мајка, властите не сакаа да го предадат телото на семејството со денови, што предизвика сомнежи дека чекале да се отстранат трагите од отров во органзимот, пренесува дпа.
Активистите за човекови права предупредуваат дека Навални е само еден од илјадниците политички затвореници во Русија, од кои само неколку се ослободени во размена со Западот.






