понеделник, 15 декември 2025
Романија

Огромна бура во Букурешт: Ветерот корнел дрвја и покриви, загина жена (ВИДЕО)

Жителите на Букурешт вчера добија итно предупредување поради силна бура, град и обилни врнежи. Екстремни временски услови биле регистрирани во неколку области под највисоко ниво на предупредување од Романската метеоролошка служба, пишуваат романските медиуми. Една жена почина во Отопени, град недалеку од Букурешт, каде што се наоѓа главниот аеродром.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Според извештајот на романските служби за итни случаи, жената била во својот дом кога покривот на блиската зграда се урнал врз нејзиниот дом. Во Букурешт, неколку дрвја паднале на патиштата, а две лица биле повредени откако биле погодени од гранки и по што биле однесени во болница. Синоќа, дежурниот центар за итни случаи за подрачјето на Букурешт и околината примил повеќе од 130 повици.

По издаденото предупредување за окрузите Дамбовица, Ѓурѓу и Илфов, штети се пријавени на седум локации во Илфов и Ѓурѓу. Службите отстранувале делови од покривите на три згради и 15 дрвја што паднале на патиштата, а два автомобила биле оштетени.

Во Букурешт, кој исто така беше под највисоко ниво на предупредување, ветерот откорна делови од покривите и фасадите на неколку згради, а неколку дрвја паднале на улиците. Ветерот го однел и покривот на зградата на Полициската академија, а неколку училници биле поплавени.

Службите за итни случаи ги предупредија жителите да останат во затворен простор за време на бурата, да не паркираат под дрвја или во близина на нестабилни објекти, да ги исклучат електричните апарати ако забележат прекини на електричната енергија и да не ги допираат паднатите електрични кабли бидејќи може да бидат под напон.

Највисокото предупредување беше на сила до 20 часот и го опфати Букурешт и окрузите Илфов, Браила, Јаломица, Ѓурѓу, Бузау и Калараши. Летовите од Отопени биле пренасочени поради бурата. Повеќето од авионите што чекале подобрување на временските услови успеале да слетаат во Букурешт. Порталот бордингпас.ро објави дека 15 авиони кружеле над Букурешт чекајќи дозвола за слетување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ