петок, 13 февруари 2026

Наскоро преговори меѓу Русија и Украина: Путин испраќа човек кој држи лекции по историја

Нова рунда мировни преговори за војната во Украина, во која ќе учествуваат Русија, Украина и САД, ќе се одржи следната недела во Женева, потврди портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Средбата е закажана за вторник и среда. Претходно се шпекулираше дека преговорите би можеле да се одржат во Мајами, како што наводно сугерирале американските претставници, но Песков го потврди швајцарскиот град како конечна локација, пишува Скај њуз.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Одржувањето на преговорите во Женева го потврди и Дмитро Литвин, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој минатата недела ја обвини Русија дека „се двоуми“ да закаже нова средба. Според Њујорк тајмс, Вашингтон го зголемува притисокот врз Украина да се согласи на отстапки со цел да се постигне мировен договор.

Весникот наведува, повикувајќи се на украински претставници, дека администрацијата на претседателот Трамп се обидува да ја заврши војната до почетокот на летото, пред изборите за Конгресот во САД. Минатата недела, претседателот Зеленски откри дека САД им дале рок и на Киев и на Москва до јуни да постигнат мировен договор.

Руската делегација во Женева ќе ја предводи помошникот на Кремљ, Владимир Медински, кој ги водеше руските преговарачи на претходните состаноци во 2022 година и минатата година. Украински извори претходно го обвинуваа дека „му држи лекции по историја“ на Киев наместо да се вклучи во значајни преговори. Претходни рунди трилатерални состаноци меѓу Киев, Москва и САД се одржаа во Абу Даби.

Едно од клучните нерешени прашања останува контролата врз регионот Донбас, кој беше дел од Украина пред руската инвазија во 2022 година, а сега е во голема мера окупиран од силите на Москва. Паралелно со мировните преговори, Русија и САД разговараат за билатерална трговска и економска соработка.

Сепак, Песков рече дека е малку веројатно дека дијалогот ќе напредува пред да се реши конфликтот во Украина. Тој истакна и дека некои американски компании сакаат да се вратат на рускиот пазар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ