петок, 13 февруари 2026

Најмалку три лица загинаа, над 20 повредени во пожар во Будимпешта (ФОТО)

Најмалку три лица загинаа, над 20 се повредени во пожар во Будимпешта, соопштија унгарските власти.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Во раните утрински часови избувна пожар во двокатна зграда во приградскиот дел на главниот град Будакеши.

На местото на настанот беа испратени повеќе од 40 медицински лица и 18 амбулантни возила. Пожарникарите извлекоа неколку преживеани и три боци со гас од зградата.

Телата на двајца мажи и една жена беа пронајдени под урнатиот покрив на зградата, изјави портпаролот на службата за управување со катастрофи.

Медицински работници им пружиле помош на 22 лица за повреди здобиени за време на пожарот, вклучувајќи четворица чии повреди биле опасни по живот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ