„Носам црвено за тебе“, му објасни Карни на американскиот претседател Доналд Трамп, покажувајќи кон својата вратоврска во типична републиканска боја. Во исто време, Трамп носеше сина вратоврска.
Канада сега е единствената членка на Г7 што не обезбедила трговски договор со САД за да избегне казнени царини. Канадската економија трпи штета, но и Карни. „Мислам дека луѓето од Канада повторно ќе нè сакаат“, предвиде Трамп, признавајќи дека, барем засега, соседите се лути.
Откако ја презеде функцијата, Карни се обиде да ги смири тензиите предизвикани од неговиот претходник Џастин Трудо кој ги нарече царините на Трамп „многу глупави“ и го обвини го дека му се додворува на рускиот претседател Владимир Путин.
Карни разменуваше текстуални пораки со Трамп за светските прашања и досега не наиде на критика од Трамп.
Сепак, тој ги отфрли територијалните аспирации на Трамп, цврсто кажувајќи му за време на нивниот прв состанок во Овалната соба во мај дека Канада „не е на продажба“ и „никогаш нема да биде на продажба“. Трамп понуди благ отпор, велејќи „никогаш не вели никогаш“.
Нарекувајќи го својот американски колега „трансформативен претседател“, Карни вчера почна да ги набројува конфликтите што Трамп ги решил. „Ми истекува времето, но во многу аспекти најважното е…“ рече Карни.
„Соединувањето на Канада и САД“, се вмеша Трамп.
„Не! Не мислев на тоа“, извика Карни и се насмеа.
🚨 Funniest. President. EVER.
CANADA PM CARNEY: “…and, the most important thing—“
PRESIDENT TRUMP: “—the MERGER of CANADA and the United States! 😎”
*Everyone bursts into laughing*
CARNEY: “That wasn’t where I was going! 😂”
How can’t you love him?! pic.twitter.com/97A6JwALKL
— Eric Daugherty (@EricLDaugh) October 7, 2025
Инаку, бројот на канадски туристи во САД нагло се намали. Некои канадски продавници ги повлекоа американските производи од своите полици, а кај многу Канаѓани се појави чувство на предавство.
Според Трамп, претходната блискост меѓу двете земји го отежнува постигнувањето договор. „Тоа е покомплициран договор, можеби покомплициран од кој било друг договор што го имаме за трговија. Бидејќи, знаете, имаме природен конфликт, но имаме и меѓусебна љубов“, рече Трамп во Овалната соба.
Американскиот претседател зборуваше во поголемиот дел од состанокот. Тој се осврна на различни теми, од тековната блокада на американската влада, до напорите за чистење на Вашингтон, па сè до неговата неможност да ја реши војната во Украина.






