„Додека Русија не се согласи на целосно и безусловно примирје, не треба ни да разгледуваме никакви отстапки“, рече Калас во изјава во понеделникот, објави Ројтерс.
Според неа, редоследот на чекорите е важен. „Прво безусловно примирје со силен систем за следење и непоколебливи безбедносни гаранции“, рече таа, додавајќи дека ЕУ ќе работи на 19 пакет санкции.
Калас претходно во понеделник изјави дека шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ изразиле поддршка за чекорите што ги презедоа САД кон праведен мир во Украина.
Во објава на социјалната мрежа Икс, Калас додаде дека ЕУ во меѓувреме ќе работи на воведување дополнителни санкции против Русија, зајакнување на воената помош за Украина, како и поддршка на буџетските потреби на Киев и процесот на нејзино пристапување кон Европската Унија.
„Трансатлантско единство, поддршка за Украина и притисок врз Русија – ова е патот кон завршување на оваа војна и спречување на идна руска агресија во Европа“, заклучи Калас.






