Капетанот на бродот, 47-годишен кинески државјанин, ги игнорирал наредбите од јапонските службеници да застане за инспекција на бродот, соопшти јапонската агенција за рибарство. Инцидентот се случил во водите покрај брегот на префектурата Нагасаки во југоисточна Јапонија.
Десет други лица се наоѓале на бродот во времето на инцидентот, соопшти агенцијата. Иако Јапонија во последните години заплени неколку рибарски бродови од Јужна Кореја и Тајван, во петокот за првпат од 2022 година беше запленет кинески брод, и тоа во услови на голем дипломатски спор меѓу двете земји.
„Ќе продолжиме да преземаме решителни чекори за спроведување законски мерки за спречување на нелегален риболов од странски бродови“, изјави главниот секретар на јапонската влада, Минору Кихара, на редовна прес-конференција.






