Не ја разбираме причината за набавката на маски во боја што и на прв поглед би била несоодветна за нашата администрација“, наведуваат од полицискиот синдикат во дописот до Министерството.
Полицијата оценува дека „оваа набавка е збунувачка“ и дека со оглед на тоа што здравствената криза трае две години, би требало лесно да се набават соодветни заштитни маски.
Во иднина маските да бидат само црни, бели или сини, бараат полицајците во писмото.
Од италијанското Министерство за внатрешни работи не се огласија по овој повод.






